Ени Маало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ени Маало
Παρόχθιο
Ени Маало is located in Грција
Ени Маало
Ени Маало
Координати: 40°55′N 22°56′E / 40.917° СГШ; 22.933° ИГД / 40.917; 22.933Координати: 40°55′N 22°56′E / 40.917° СГШ; 22.933° ИГД / 40.917; 22.933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000007800000078 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно121
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ени Маало (грчки: Λειψύδριο, Липсидрио, до 1927 Γενή Μαχαλέ, Јени Махале)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 11 километри југоисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.

Ени Маало опфаќа површина од 40 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ени Маало имало 40 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 169 жители, додека во 1920 година 47 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Липсидрио.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 143 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 312 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 231 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 197 жители, во 1971 година имало 109 жители, во 1981 година имало 128 жители, додека во 1991 година имало 84 жители[7]. Денеска, населението на селото е 121 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 312 231 197 109 128 84 121 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]