Сарајли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сарајли
Παλατιανό
Сарајли is located in Грција
Сарајли
Сарајли
Местоположба во областа
Сарајли is located in Кукуш (општина)
Сарајли
Местоположба на Сарајли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°8′N 22°55′E / 41.133° СГШ; 22.917° ИГД / 41.133; 22.917Координати: 41°8′N 22°55′E / 41.133° СГШ; 22.917° ИГД / 41.133; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000416000000416 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно111
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сарајли (грчки: Παλατιανό, Палатијано, до 1926 Σαραϊλή, Сарајли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 416 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Сарајли се состоело од 5 семејства со 16 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сарајли имало 80 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 59 жители, додека во 1920 година 49 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Палатијано.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 65 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 234 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 229 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 247 жители, во 1971 година имало 185 жители, во 1981 година имало 138 жители, додека во 1991 година имало 111 жители[8]. Денеска, населението на селото е 140 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 234 229 247 185 138 127 111 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]