Хаџи Јунус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хаџи Јунус
Σταυροχώρι
Хаџи Јунус is located in Грција
Хаџи Јунус
Хаџи Јунус
Местоположба во областа
Хаџи Јунус is located in Кукуш (општина)
Хаџи Јунус
Местоположба на Хаџи Јунус во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 22°47′E / 41.017° СГШ; 22.783° ИГД / 41.017; 22.783Координати: 41°1′N 22°47′E / 41.017° СГШ; 22.783° ИГД / 41.017; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000008800000088 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно481
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Хаџи Јунус (грчки: Σταυροχώρι, Ставрохори, до 1927 Χατζηγιαννούς, Хаџи Јунус)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 8 километри западно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 88 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Хоџа Маало се состоело од 30 семејства и 100 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хоџа Маало имало 250 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 283 жители, додека во 1920 година 364 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Ставрохори.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 449 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 736 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 736 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 686 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 529 жители, додека во 1991 година имало 523 жител[8]. Денеска, населението на селото е 481 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 736 736 686 492 529 523 481 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]