Саламаново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саламаново
Γαλλικός
Саламаново is located in Грција
Саламаново
Саламаново
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000007700000077 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.399
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Саламаново или Саламанли (грчки: Γαλλικός, Галикос, до 1926 Σαλαμανλή, Саламанли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Кукуш (Килкис) по железничка линија на десниот брег од реката Галик, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 77 метри.

Саламаново опфаќа површина од 18 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Саламаново се состоело од 36 семејства и 162 жители Македонци[4][5]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Саламаново имало 150 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од христијанското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било прекрстено во Галикон.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 747 жители-бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 127 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 963 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 759 жители, во 1971 година имало 882 жители, во 1981 година имало 789 жители, додека во 1991 година имало 881 жител. Денеска, населението на селото е 1135 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 963 759 882 789 877 881 / 1135
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Економија[уреди | уреди извор]

Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928