Савџели

Координати: 41°15.32′N 22°47.27′E / 41.25533° СГШ; 22.78783° ИГД / 41.25533; 22.78783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Савџели
Πλατανιές
Савџели is located in Грција
Савџели
Савџели
Местоположба во областа
Савџели во рамките на Кукуш (општина)
Савџели
Местоположба на Савџели во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.32′N 22°47.27′E / 41.25533° СГШ; 22.78783° ИГД / 41.25533; 22.78783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Надм. вис.&10000000000000175000000175 м
Население
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Савџели или Санџели (грчки: Πλατανιές, Платаниес, до 1926 г. Σαντζαλή, Саѕали[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Денес е составен дел од Аканџали.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е северозападно маало на Аканџали, сместено северно од железничката линија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Саџели било село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарџели (Sardjéli) било село во Дојранската каза со 42 домаќинства сочинети од 61 муслимани и 48 Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Савџели имало 170 жители Турци.[4] Се поставува прашањето дали „Турците“ во пописот од 1873 г. не се всушност Македонци-муслимани, како што било случај со околните иселени села, а дека Македонците биле Македонци христијани кои потоа се иселиле.

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Населението почнало да се иселува уште во текот на Првата светска војна поради близината на фронтот. По војната, во 1920 г. попишани се само 25 жители.[5] Во 1924 г по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско било иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Платаниес. В 1928 г. селото е претставено како дојденско со 17 семејства од 56 жители.[6] Во 1940 г. населението се зголемило на 181 жител поради дотекот на жители од околните напуштени села.[5]

Во 1990-тите селото е припоено кон с. Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г.

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 181 276 335 258 207 161 - -
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото, тутунот и детелината. Делумно било застапено и сточарството.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 192–193. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). „Кукушка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 118.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012