Пејково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пејково
Άγιος Μάρκος
Пејково is located in Грција
Пејково
Пејково
Местоположба во областа
Пејково is located in Кукуш (општина)
Пејково
Местоположба на Пејково во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°7′N 23°4′E / 41.117° СГШ; 23.067° ИГД / 41.117; 23.067Координати: 41°7′N 23°4′E / 41.117° СГШ; 23.067° ИГД / 41.117; 23.067
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000633000000633 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно89
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пејково или Пејово (грчки: Άγιος Μάρκος, Агиос Маркос, до 1927 Πεΐκοβο, Пејково)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 633 метри.

Пејково опфаќа површина од 47 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Пејково се состоело од 65 семејства и 200 жители муслимани[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Пејково имало 815 жители муслимани[3][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 734 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 329 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било прекрстено во Агиос Маркос.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 194 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 441 жител.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 303 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 326 жители, во 1971 година имало 215 жители, во 1981 година имало 123 жители, додека во 1991 година имало 119 жител[8]. Денеска, населението на селото е 89 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 441 303 326 215 123 119 89 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]