Сари Дуанли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сари Дуанли
Πετράδες
Сари Дуанли is located in Грција
Сари Дуанли
Сари Дуанли
Местоположба во областа
Сари Дуанли is located in Кукуш (општина)
Сари Дуанли
Местоположба на Сари Дуанли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°11′N 22°53′E / 41.183° СГШ; 22.883° ИГД / 41.183; 22.883Координати: 41°11′N 22°53′E / 41.183° СГШ; 22.883° ИГД / 41.183; 22.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000467000000467 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно12
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сари Дуанли (грчки: Πετράδες, Петрадес, до 1927 Σαρή Δογανλή, Сари Доганли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 467 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Сари Дуанли се состоело од 25 семејства и 80 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сари Дуанли имало 90 жители муслимани[4].

Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 59 жители, додека во 1920 година 49 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Килади.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 94 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 188 жители. Селото во пописот од 1951 година поради Грчката граѓанска војна било напуштено, на пописот од 1961 година, во селото живееле 99 жители, во 1971 година имало 15 жители, во 1981 година имало 19 жители, додека во 1991 година имало 148 жител[8]. Денеска, населението на селото е 12 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 188 / 108 99 15 19 12 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]