Џевапли
Џевапли Λαοδικηνό | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°59′N 22°52′E / 40.983° СГШ; 22.867° ИГДКоординати: 40°59′N 22°52′E / 40.983° СГШ; 22.867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 247 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Џевапли (грчки: Λαοδικηνό, Лаодикино — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 13 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро како и во непосредна близина на селото Поторес[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 226 метри.
Демографија[уреди | уреди извор]
По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година во селото живееле 19 бегалски семејства со вкупно 56 жители.[3] Во 1928 година селото било преименувано во Лаодикино[4]. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население од Понд. Со наредба на Владата на Грција, во 1927 година, селото се соединило со Поторес, Мухали, Чалисли и Докузли во една заедничка населба под името Агија Кирјаки. Поради тоа, селото во понатамошните пописи престанало да се води како посебна населба.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
|