Алексово
Алексово Γαλλικός | |
---|---|
Координати: 41°6′N 22°53′E / 41.100°N 22.883°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 277 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 107 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Алексово или Нехире Мутне (грчки: Μυλοχώρι, Милохори)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 12 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 277 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Алексова со 33 домаќинства. Според документ од 1625 година Алексово има 25 семејства[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 45 семејства и 158 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 420 жители Македонци[4][6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 496 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[8].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 3 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Алексија.[9]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 218 жители-бегалци.[10].
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Алексово
- Атанасиј Иванов (1883 - 1973)
- Димитар Димашев (1889 - 1928)=
- Вано Георгиев Делијанов (1886 - ?)[11]
- Гоце Илиев (1884 - 1913)[12]
- Гоце Киров (1889 - ?)[13]
- Гоце Киров Наков (1888 - ?)[14]
- Дељо Пецов (1862 - ?)[15]
- Иљо Христов (1890 - ?)[16]
- Мито Бинин (1890 - ?)[17]
- Мито Гоцев (1890 - ?)[18]
- Мито Стојанов (1889 - 1913)[19]
- Христо Андонов[20]
- Христо Иљов (1890 - ?)[21]
- Христо Ириклицки (1886 - ?)[22]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 310.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 364. Може би идентичен с Гоце Киров Наков.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 478.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 569.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 769.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 85.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 674.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 320.
|