Нова Верланица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нова Верланица
Νέο Αγιονέρι
Нова Верланица is located in Грција
Нова Верланица
Нова Верланица
Местоположба во областа
Нова Верланица во рамките на Кукуш (општина)
Нова Верланица
Местоположба на Нова Верланица во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 22°42′E / 40.800° СГШ; 22.700° ИГД / 40.800; 22.700Координати: 40°48′N 22°42′E / 40.800° СГШ; 22.700° ИГД / 40.800; 22.700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000164000000164 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.649
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нова Верланица или Нова Верланџа (грчки: Νέο Αγιονέρι, Нео Агионерион)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 27 километри јузападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на неколку километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 164 метри.

Нова Верланица опфаќа површина од 13 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, местото каде денеска се наоѓа селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година била изградена денешната населба од страна на грчки бегалци по потекло од градот Ниди во Мала Азија.[4] од страна на 240 семејства.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 537 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 570 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1235 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1332 жители, во 1971 година имало 1043 жители, во 1981 година имало 1333 жители, додека во 1991 година имало 1617 жители. Денеска, населението на селото е 1649 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 570 1235 1332 1043 1333 1617 1649
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи самото село се наоѓа на долниот дел од Солунско Поле, селото е богато со пченица и други земјоделски култури. Населението се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.