Неманци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неманци
Γαλλικός
Неманци is located in Грција
Неманци
Неманци
Местоположба во областа
Неманци во рамките на Кукуш (општина)
Неманци
Местоположба на Неманци во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 22°57′E / 41.017° СГШ; 22.950° ИГД / 41.017; 22.950Координати: 41°1′N 22°57′E / 41.017° СГШ; 22.950° ИГД / 41.017; 22.950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000191000000191 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно200
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Неманци или Чомлекчи (грчки: Διπόταμος, Дипотамос, до 1926 Τσομλεκτσή, Цомлекци)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 8 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 191 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Неманци се состоело од 36 семејства и 178 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Неманци имало 160 жители Македонци и 80 Роми[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирено како напуштено село без жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 125 жители. Зголемувањето на бројот на население се должи на населувањето на грчки семејства од Западна Тракија, која била под бугарска територија.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено дополнително грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Дипотамос.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 324 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 554 жители.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 356 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 336 жители, во 1971 година имало 223 жители, во 1981 година имало 202 жители, додека во 1991 година имало 198 жител[10]. Денеска, населението на селото е 200 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 554 356 336 223 202 198 200
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Неманци
  • Гоце Тушев[11]
  • Мино Димчев[12]
  • Тодор Илиев Матеевски (1891 - ?)[13]
  • Трајко Танов (1891 - ?)[14]
Починати во Неманци

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 102.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-03.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 738.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 239.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 432.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 691.