Ќулахли (Кукушко)

Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ќулахли
Πυργωτό
Ќулахли is located in Грција
Ќулахли
Ќулахли
Местоположба во областа
Ќулахли во рамките на Кукуш (општина)
Ќулахли
Местоположба на Ќулахли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000242000000242 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно248
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ќулахли (грчки: Πυργωτό, Пиргото, до 1927 Κιουλελή, Ќулахли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа јужно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 27 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 242 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век селото било населено со турско муслиманско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 293 жители муслимани[3]

По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Пиргото.[4] Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население од Мала Азија. Во 1928 година селото броело 164 жители-бегалци[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според Милоевиќ, во селото имало 25 турски семејства пред 1913 година, додека во 1913 година 185 жители. Селото пострадало во текот на Првата светска војна и бројот на жители изнесувал 103 жители.

Селото во пописот од 1940 година броело 251 жител, 1951 година броело 256 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 328жители, во 1971 живееле 280 жители, во 1981 живееле 266 жител и во 1991 238 жители. Денеска, населението на селото е 248 жители[6].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 251 256 328 280 266 238 248
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со пченица и тутун. Населението се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιουλελή - Πυργωτόν
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf