Али Хоџалар
Али Хоџалар Γαλλικός | |
---|---|
Координати: 40°50′N 22°46′E / 40.833° СГШ; 22.767° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 78 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 731 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 01 |
Али Хоџалар или Аџи Оџалар (грчки: Μικρόκαμπος, Микрокамбос, до 1927 Χοτζαλάρ, Али Хаџалар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 20 километри јужно од градот Кукуш и на 3 километри западно од Горчливото Езеро, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.
Али Хоџалар опфаќа површина од 24 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Али в се состоело од 55 семејства и 280 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Али Хаџалар имало 320 жители Македонци[4][6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 384 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7].
Во Балканските војни учество од селото зеле осум револуционери во Македонско-одринските доброволни чети[8].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано со само 72 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Според Тодор Симовски, во Македонија односно Струмица заминал 17 семејства, додека кон Бугарија 71 семејство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Микрокамбос.[9]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 585 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 948 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1078 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1331 жител, во 1971 година имало 982 жители, во 1981 година имало 935 жители, додека во 1991 година имало 1021 жител и во 2001 кога имало 1159 жители[11]. Денеска, населението на селото е 731 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 948 | 1078 | 1331 | 982 | 935 | 1021 | 1159 | 731 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението на селото главно се занимава со производство на жито и памук.
Луѓе од селото
[уреди | уреди извор]- Ангел Чанов (1888 - ?)[12]
- Анто Нанов (1885 - ?)[13]
- Гоне Георгиев (1872 - ?)[14]
- Димитар Стоев (1872 - ?)[15]
- Доне Гогов (1886 - ?)[16]
- Ицо Печев[17]
- Милан Попдимитров (1890 - ?)[18]
- Трајан Минов (1888 - ?)[19]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 826.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-02-27.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 795.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 480.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 151.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 649.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 569.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 575.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 442.
|