Робово (Дојранско)
Робово Ροδώνας | |
---|---|
Координати: 41°14.43′N 22°51.09′E / 41.24050° СГШ; 22.85150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Аканџали |
Надм. вис. | 220 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Робово или Раброво (грчки: Ροδώνας, Родонас; книжевно: Ροδών, Родон; до 1926 г. Ρόμποβο, Робово[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало 3 км источно од Станица Аканџали[2], западно од североисточниот брег на Дојранското Езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Робово било мешано македонско-турско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бубово (Boubovo) било село со 45 куќи, со 30 муслимани и 90 Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Робово имало 225 жители, од кои 110 биле Македонци, 90 Турци и 25 Роми.[3][5]
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Робово (Robovo) имало 64 Македонци под егзархијата.[6]
Во Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија.
Потпаѓање под Грција
[уреди | уреди извор]Во Втората балканска војна македонското население побегнало од селото, во страв од настапот на грчката војска, а на нивно место грчките власти донеле доселеници од Тракија.[2] Како такво, во 1913 г. селото имало 249 жители, а во 1920 г. се заведени 233 лица. Турското население во меѓувреме се повратило во селото, но во 1924 г. е иселено, а на негово место се донесени доселенички семејства од Понт.[2] Во 1926 г. името на селото е сменето во Родонас, но официјално се заведува следната 1927 година.[1] Во 1928 г. Робово било наполно дојденско село, со 60 семејства од 261 жител.[7] Старата македонска црква „Св. Никола“ е запустена, а дојдените во 1935 г. изградиле нова црква „Св. Троица“.[8]
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот од 1940 г. селото имало 361 жител. Во 1951 г. се намалило на 296, а во 1961 г. — на 203 жители. Поголемиот опад на населението се должи на масовното иселување во поголемите градови. Во 1971 г. во Робово живееле 94 лица, а во 1981 г. имало 75, со мал пораст на 94 жители во 1991 г.[2] Робово отсуствува од следните пописи,[9] што значи дека е отпишано поради иселување или припојување кон друго место. Постои населба Ново Робово, но и оваа денес официјално не се води како посебна.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 361 | 296 | 203 | 94 | 75 | 94 | 0 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Жителите на Робово се занимавале со земјоделство, а делумно и со сточарство. Главни производи биле житото и тутунот.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρόμποβο - Ροδώνας
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 114–115.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190 – 191.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 100-101.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Το χωριό Ροδώνας“. proti-selida.gr. Архивирано од изворникот на 2019-11-03. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Ελληνική Στατιστική Αρχή (ΕΛ.ΣΤΑΤ.) Πραγματικός Πληθυσμός 2001, стр. 137“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-16. Посетено на 2019-11-03.
|