Црква „Св. Троица“ - Робово (Дојранско)

Координати: 41°14′42.6″N 22°51′9.4″E / 41.245167° СГШ; 22.852611° ИГД / 41.245167; 22.852611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица
Αγίας Τριάδας
Карта
41°14′42.6″N 22°51′9.4″E / 41.245167° СГШ; 22.852611° ИГД / 41.245167; 22.852611
МестоРобово, Дојранско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1935
Управа
Архијерејско намесништвоПолјанско
ЕпархијаПолјанско-кукушка

Света Троица или Свети Дух (грчки: Αγίας Τριάδας, Αγίου Πνεύματος) — црква во некогашното село Робово, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

По прогонот на сето домородно население, во 1922 г. во Робово се населиле грчки доселеници од Тракија, а во 1928 г. и Грци од Понт. Дојденците во прво време ја користеле старата македонска црква „Св. Никола“, изградена околу 1830 г. Во 1935 г. ја изградиле оваа црква, а до неа направиле и училиште. Црквата е подигната со трудот на сите жители, а мајстори биле Стилијанос Пападопулос, Леондис Орфанидис, Николаос Киријакидис, Николаос Орфанидис, Георгиос Пападопулос, Макариос Орфанидис, Герамисос Пападопулос, Јоанис Пападопулос и Хараламбос Киријакидис. На северозапад има куловидна камбанарија.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Εκκλησίες και ξωκλήσια του τόπου μου“. Посетено на 27 јануари 2020.
  2. „Το χωριό Ροδώνας“. Πρώτη Σελίδα - Εβδομαδιαία εφημερίδα Ν.Κιλκίς. 19 октомври 2017. Архивирано од изворникот на 2020-01-27. Посетено на 27 јануари 2020.