Пазарли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пазарли
Μελάνθιο
Пазарли is located in Грција
Пазарли
Пазарли
Местоположба во областа
Пазарли is located in Кукуш (општина)
Пазарли
Местоположба на Пазарли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 23°3′E / 40.967° СГШ; 23.050° ИГД / 40.967; 23.050Координати: 40°58′N 23°3′E / 40.967° СГШ; 23.050° ИГД / 40.967; 23.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000516000000516 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно235
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пазарли (грчки: Μελάνθιο, Мелантио, до 1927 Παζαρλή, Пазарли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри југоисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 516 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 240 жители, додека во 1920 година 276 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Мелантио.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 61 жител бегалец.[5]По крајот на Грчката граѓанска војна, селото било обновено. Селото во пописот од 1951 година броело 110 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 397 жители, во 1971 година имало 260 жители, во 1981 година имало 196 жители, додека во 1991 година имало 193 жител[6]. Денеска, населението на селото е 235 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население / 110 397 260 196 193 235 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]