Равна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Равна
Ίσωμα
Равна is located in Грција
Равна
Равна
Координати: 41°0′N 23°7′E / 41.000° СГШ; 23.117° ИГД / 41.000; 23.117Координати: 41°0′N 23°7′E / 41.000° СГШ; 23.117° ИГД / 41.000; 23.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000639000000639 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно333
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Равна или Рамна (грчки: Ίσωμα, Исома, до 1927 Ράβνα, Равна)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри источно од градот Кукуш (Килкис). Според својата географска положба, селото припаѓа на Серскиот округ. Селото се наоѓа на надморска височина од 639 метри.

Равна опфаќа површина од 53 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Равна се состоело од 120 семејства со 140 муслимани и 200 Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Равна броела 320 Турци и 840 Македонци[3][5].

Населението во селото било разделено во поглед на влијанието на бугарската и грчката пропаганда. Во 1903-1904 година, меѓу Бугарската егзархија и Гркоманската црква имало спор околу користењето на локалната црква и училиште[6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 640 македонски егзархисти и работело егзархиско училиште[7], како и 384 македонски гркомани и работело грчко училиште.

Во текот на Втората Балканска војна, во селото влегле бугарски војски, но селото било посетувано од грчки андарти кои им наложувале на локалното население да не се потчинуваат на бугарската власт[8]. Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија и Македонија[9].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1081 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 359 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Исома.[10]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото имало 115 жители бегалци.[11], додека во 1940 година селото броело 748 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 389 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 501 жител, во 1971 година имало 405 жители, во 1981 година имало 323 жители, додека во 1991 година имало 317 жители[12]. Денеска, населението на селото е 333 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 748 389 501 405 323 317 333 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Равна
  • Велик Иванов (1888 - ?)[13]
  • Велик Матов (1883 - ?)[14]
  • Велин Петров (1886 - ?)[15]
  • Гоце Дивлев (1907 - 1939)
  • Костадин Митов (1893 - ?)[16]
  • Костадин Стојанов (1882 - ?)[17]
  • Крсто Сотиров (1889 - ?)[18]
  • Петре Капитан[19]
  • Петар Атанасов[20]
  • Стојан Атанасов (1893 - ?)[21]
  • Христо Стојанов (1886 - ?)[22]
  • Јане Димитров Мишов (1884 - ?)[23]
  • Јанис Рамналис (1885 - 1923)
Починати во Равна

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ίσωμα
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 180.
  6. История на българите в документи, Съставители Величко Георгиев и Стайко Трифонов, т. I, ч. II, София 1996, с. 176, 180.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199.
  8. „Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 194. (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель - „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 108. 
  10. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  12. Folketeljing 2011, revidert
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 277.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 432.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 556.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 450.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 673.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 621.
  19. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 106.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 69.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 679.
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 756.
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 468.