Јанис Рамналис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јанис Рамналис
Yannis Ramnalis-1.jpg
Роден 1885
Равна, денес Грција
Починал 1923
Лагадина, денес Грција

Јанис Виљоглу, наречен Рамналис, (грчки: Γιάννης Ράμναλης Βίλιογλου) бил андартски капетан, деец на грчката воружена пропагнада и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рамналис е роден во патријаршиско семејство од селото Равна, кое се наоѓа меѓу Кукушко, Серско и Лагадинско, тошаш во Османската империја, денес Исома, Грција.

Уште како многу млад и се придружил на грчката воружена пропаганда и се присоединил на андартска чета, земајќи учество во Борбата за Македонија. Со четата на Сакеларопуло ги обиколувал Лагадинско, Богданска Планина и Халкидик.

Од 1905 година почнал да раководи сопствена чета, обиколувајќи го истиот реон, подпомаган од Христос Дремлис.

По Младотурската револуција се ставил на услуга на новата турска власт, но подоцна бил протеран.

Во периодот меѓу 1909-1912 година се школувал во Атина, а по започнувањето на Првата балканска војна формирал нова чета, дејствувајќи на Халкидик попречувајќи бугарската армија во нејзиното настапување кон Солун. Во околината на црквата Света Софија, Раманлис со својата чета успеал да убие и рани голем број на бугарски војници.

Во текот на Втората балканска воjна четата на Раманлис влегува прва во Лагадинско по повлекувањето на бугарската армија [1].

По војните Раманлис живеел во Лагадина работејќи како мелничар, а во 1923 година бил убиен од еден крадец. Постхумно го добил чинот втор лајтант, а во 1966 година новите грчки власти во Лагадина подигнале негов споменик [2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Равна на сайта на Дем Круша
  2. Кратка биография на Янис Рамналис