Ерџели
Ерџели Αλεξάνδρα | |
---|---|
Координати: 41°14′57″N 22°49′04″E / 41.2492° СГШ; 22.8178° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Население | |
• Вкупно | 176 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ерџели (грчки: Αλεξάνδρα, Александра; до 1927 г. Ερτζελή, Ерџели)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 48 километри северно од градот Кукуш и на 4 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во јужното подножје на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 190 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Ерџели е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ерџели било село во казата Аврет хисар и се состоело од 35 куќи со 60 жители-муслимани и 27 Македонци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ерџели има 60 Турци и 30 Роми.[4]
По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. Во 1927 години селото било прекрстрно во Александра.[5].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било бегалско со 70 семејства и 204 жители-бегалци[5], додека во 1940 година селото броело 273 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 219 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 260 жители, во 1971 година имало 194 жители, во 1981 година имало 180 жители, додека во 1991 година имало 163 жители. Денеска, населението на селото е 176 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 273 | 219 | 260 | 194 | 180 | 163 | — | 176 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αατλή - Καβαλλάρης
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ 5,0 5,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
|