Мијалово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мијалово
Мијалово is located in Грција
Мијалово
Мијалово
Координати: 41°4′N 22°42′E / 41.067° СГШ; 22.700° ИГД / 41.067; 22.700Координати: 41°4′N 22°42′E / 41.067° СГШ; 22.700° ИГД / 41.067; 22.700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно37
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Мијалово или Михалово (грчки: Μιχαλίτσι, Михалици, до 1927 Μιχάλοβο, Михалово)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри северозападно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Мијалово се состоело од 46 семејства со 205 жители Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мијалово имало 150 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 136 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година селото не се споменува.

По 1924 година, земјиштето во селото било откупено од страна на грчки великопоседници.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1940 година во селото биле евидентирани 25 жители. Поради Втората светска војна и Грчката граѓанска војна, во следните пописи селото не се споменува. Во 1981 година селото имало 29 жители, додека во 1991 година имало 32 жители[8]. Денеска, населението на селото е 37 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 25 / / / 29 32 37 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Мијалово
  • Гоне Мицов (1888 или 1891 - ?)[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μιχαλίτσι
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99. 
  8. Folketeljing 2011, revidert
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 465.