Шемница (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шемница
Κεντρικό
Шемница is located in Грција
Шемница
Шемница
Местоположба во областа
Шемница во рамките на Кукуш (општина)
Шемница
Местоположба на Шемница во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°9′N 22°53′E / 41.150° СГШ; 22.883° ИГД / 41.150; 22.883Координати: 41°9′N 22°53′E / 41.150° СГШ; 22.883° ИГД / 41.150; 22.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000391000000391 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно320
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Шемница (Штемница или Снефче; грчки: Κεντρικό, Кендрико; до 1927 г. Σνέφτσα, Снефца)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 21 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 391 метри.

Шемница опфаќа површина од 27 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шемница се состоело од 80 семејства, од кои 85 муслимани и 300 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шемница имало 160 муслимани, 80 Роми и 300 Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[7] а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[8].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 199 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Кендрико.[9]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 365 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 593 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 507 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 2019 жители, во 1971 година имало 404 жители, во 1981 година имало 376 жители, додека во 1991 година имало 294 жител[11]. Денеска, населението на селото е 320 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 593 507 2019 404 376 294 320
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κεντρικό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 116.
  9. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-05.