Грамадна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грамадна
Ευκαρπία
Грамадна is located in Грција
Грамадна
Грамадна
Координати: 41°4′N 22°54′E / 41.067° СГШ; 22.900° ИГД / 41.067; 22.900Координати: 41°4′N 22°54′E / 41.067° СГШ; 22.900° ИГД / 41.067; 22.900
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000234000000234 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно618
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Грамадна или Граматина (грчки: Ευκαρπία, Евкарпија, до 1927 година Γραμμάτινα, Граматина)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри северно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 234 метри.

Грамадна опфаќа површина од 13 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во отоманската збирна даночна листа на немуслимансо население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Грамадна со 10 домаќинства. Со султански декрет од 11 декември 1619 година, селото бло предадено во сопственост на Мимар ага.[4].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Алексово се состоело од 70 семејства и 324 жители Македонци[5][6]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 600 жители Македонци[5][7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 800 Македонци и работело егзархиско училиште[5][8].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 272 жители. Во 1927 година, селото било прекрстено во Евкарпија.[9]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 548 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 842 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 879 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 797 жители, во 1971 година имало 639 жители, во 1981 година имало 651 жител, додека во 1991 година имало 539 жител[11]. Денеска, населението на селото е 618 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 842 879 797 639 651 539 618 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Станиш Наков
Родени во Грамадна
Починати во Грамадна
  • Стојан Јариџиев[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Άνω Θεοδωράκι
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63-64. 
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  11. Folketeljing 2011, revidert
  12. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 209 и 241.
  14. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 9549514560