Чоколово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чоколово
Περιστέρι
Чоколово is located in Грција
Чоколово
Чоколово
Местоположба во областа
Чоколово is located in Кукуш (општина)
Чоколово
Местоположба на Чоколово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000249000000249 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно185
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Чоколово или Чокали (грчки: Περιστέρι, Перистери, до 1927 Τσοκαλή, Цокали)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри јужно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 25 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.

Чоколово опфаќа површина од 18 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Чоколово се состоело од 30 семејства и 95 жители муслимани[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чоколово имало 250 жители-муслимани[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било прекрстено во Перистери.[6] По потпишувањето на Лозанскиот договор, муслиманското население од селото било принудено да го напушти селото, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 166 жители-бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 274 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 249 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 238 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 239 жители, додека во 1991 година имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 185 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 274 249 238 203 239 198 / 185
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Економија[уреди | уреди извор]

Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско поле, селото е богато со пченица. Населението се занимава и со сточарство и одгедување на тутун.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167.
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928