Ново Женско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Женско
Νέο Γυναικόκαστρο
Ново Женско is located in Грција
Ново Женско
Ново Женско
Местоположба во областа
Ново Женско is located in Кукуш (општина)
Ново Женско
Местоположба на Ново Женско во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°55′N 22°44′E / 40.917° СГШ; 22.733° ИГД / 40.917; 22.733Координати: 40°55′N 22°44′E / 40.917° СГШ; 22.733° ИГД / 40.917; 22.733
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно715
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)


Ново Женско или Ново Аврет Хисар (грчки: Νέο Γυναικόκαστρο, Нео Гинекокастро)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри југозападно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.

Ново Женско опфаќа површина од 42 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, на местото каде денеска се наоѓа селото биле населени грчки бегалци.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 608 жители бегалци.[4], додека во 1940 година селото броело 894 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 837 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 901 жител, во 1971 година имало 819 жители, во 1981 година имало 801 жител, додека во 1991 година имало 760 жител. Денеска, населението на селото е 715 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 894 837 901 819 801 760 / 715
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928