Бакеика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бакеика
Μπακαίικα
Бакеика is located in Грција
Бакеика
Бакеика
Местоположба во областа
Бакеика is located in Кукуш (општина)
Бакеика
Местоположба на Бакеика во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.56′N 22°50.41′E / 40.82600° СГШ; 22.84017° ИГД / 40.82600; 22.84017Координати: 40°49.56′N 22°50.41′E / 40.82600° СГШ; 22.84017° ИГД / 40.82600; 22.84017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаГорчливо Езеро
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно25
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61100
Повик. бр.+30 23410

Бакеика (грчки: Μπακαίικα) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2011). Ова е мала населба од поново време, создадена од немакедонски доселеници некаде во 1950-тите години.

Географија и знаменитости[уреди | уреди извор]

Селото лежи во традиционалната област Солунско Поле, на границата помеѓу Кукушко и Солунско. Сместено е помеѓу реката Галик од исток и Горчливото Езеро од запад. Се наоѓа 24 км југозападно од окружниот центар Кукуш и 29 км северозападно од градот Солун. Северозападно од селото е ридот Кардица, на кој е пронајдена праисториска населба со наоди од растурена грнчарија. Јужно одовде, на растојание од 750 м западно од патот Нареш - Хаџилар е наоѓалиштето Господарска Тумба (Αρχοντή Τούμπα) врз која има аквадукт и исто така изобилува со растурена грнчарија, поради што се мисли дека станува збор за древномакедонскиот град Клите[2][3]. Југозападно оттука, на брег на Горчливото Езеро се топлите извори во кои има темна кал (солена глина). Бањите имаат групни и поединечни базени, каде се одвива хидротерапија и се даваат третмани со лековита кал.[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Оваа мала населба е создадена по Грчката граѓанска војна и наречена по родоначалникот на каракачанските семејства кои се доселиле во неа.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Населбата првпат се споменува во пописот од 1961 г. како нова населба со 82 жители. Во 1971 г. населението се намалило на 74, а во 1981 г. на 68 жители, накачувајќи се на 75 во 1991 г.[5] за повторно да опадне на 56 жители во 2001 и само 25 жители во 2011 г.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 82 74 68 75 56 25
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Richard Talbert, έκδοση 2000, Barrington Atlas of the Greek and Roman World, Princeton University Press, σελ. 50 και σημειώσεις καταλόγου που συνοδεύουν
  3. Лундски универзитет. „Дигитален атлас на Римското Царство“.. (англиски)
  4. Αγγέλη, Γιούλη (21 октомври 2018). „Βόλτα στα ιαματικά λουτρά της Βόρειας Ελλάδας“. dailythess. конс. 13 февруари 2019. 
  5. 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 74.