Хасан Абас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хасан Абас
Πεδινό
Хасан Абас се наоѓа во Грција
Хасан Абас
Координати: 40°58′ СГШ 22°52′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Округ Кукушки округ
Општина Кукуш
Општ. единица Кукуш
Надм. вис. 114 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно 1.117
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Хасан Абас или Хасан Обаси (грчки: Πεδινό, Педино, до 1927 Χασάν Όμπαση, Хасан Обаси)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 114 метри.

Хасан Абас опфаќа површина од 12 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Хасан Абас се состоело од 35 семејства и 113 жители муслимани[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хасан Абас имало 150 жители Турци[5].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото муслиманско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од населението заминало кон Турција (Османлиска империја) во 1924 година според Лозанскиот договор и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било прекрстено во Пединон.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 123 жители-бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 736 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 736 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 686 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 529 жители, додека во 1991 година имало 523 жител. Денеска, населението на селото е 1117 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 736 736 686 492 529 523 / 1117
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Економија[уреди | уреди извор]

Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928