Сари Ѓол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сари Ѓол
Κρηστώνη
Сари Ѓол is located in Грција
Сари Ѓол
Сари Ѓол
Координати: 40°57′N 22°51′E / 40.950° СГШ; 22.850° ИГД / 40.950; 22.850Координати: 40°57′N 22°51′E / 40.950° СГШ; 22.850° ИГД / 40.950; 22.850
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000184000000184 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.138
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сари Ѓол (грчки: Κρηστώνη, Кристони, до 1927 Σαρηγκιόλ, Сари Ѓол)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 5 километри јужно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 184 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Сари Ѓол се состоело од 30 семејства со 96 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сари Ѓол имало 325 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 260 жители, додека во 1920 година 623 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Кристони.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 511 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 864 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 669 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 796 жители, во 1971 година имало 735 жители, во 1981 година имало 655 жители, додека во 1991 година имало 980 жители[8]. Денеска, населението на селото е 1138 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 864 669 796 735 655 980 1138 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Сари Ѓол

Наводи[уреди | уреди извор]