Прејди на содржината

Инанли (Кукушко)

Координати: 40°55′N 22°58′E / 40.917° СГШ; 22.967° ИГД / 40.917; 22.967
Од Википедија — слободната енциклопедија
Инанли
Ακροποταμιά
Инанли is located in Грција
Инанли
Инанли
Местоположба во областа
Инанли во рамките на Кукуш (општина)
Инанли
Местоположба на Инанли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°55′N 22°58′E / 40.917° СГШ; 22.967° ИГД / 40.917; 22.967
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000297000000297 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно105
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Инанли (грчки: Ακροποταμιά, Акропотамија, до 1926 Ινανλή, Инанли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 297 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 135 жители, додека во 1920 година 107 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Акропотамија.[4]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 115 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 240 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 312 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 403 жители, во 1971 година имало 286 жители, во 1981 година имало 299 жители, додека во 1991 година имало 211 жители[6]. Денеска, населението на селото е 105 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 240 312 403 286 299 211 105
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ινανλή
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 85.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-07.