Ишикли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ишикли
Λεβεντοχώρι
Ишикли is located in Грција
Ишикли
Ишикли
Местоположба во областа
Ишикли is located in Кукуш (општина)
Ишикли
Местоположба на Ишикли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 22°49′E / 40.950° СГШ; 22.817° ИГД / 40.950; 22.817Координати: 40°57′N 22°49′E / 40.950° СГШ; 22.817° ИГД / 40.950; 22.817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000158000000158 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно266
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ишикли или Ашиклар (грчки: Λεβεντοχώρι, Левендохори, до 1927 Ασικλάρ, Асиклар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 8 километри југозападно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 158 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Ишикли се состоело од 10 семејства со 36 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ишикли имало 140 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 27 жители, додека во 1920 година 78 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Левендохорион.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 161 жител бегалец.[7], додека во 1940 година селото броело 275 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 247 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 248 жители, во 1971 година имало 238 жители, во 1981 година имало 279 жители, додека во 1991 година имало 301 жител[8]. Денеска, населението на селото е 266 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 275 247 248 238 279 301 266 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]