Маловци
Маловци Παρόχθιο | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°3′N 22°43′E / 41.050° СГШ; 22.717° ИГДКоординати: 41°3′N 22°43′E / 41.050° СГШ; 22.717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 42 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 460 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (DST) | EEST (UTC+3) |
Маловци (грчки: Ηλιόλουστο, Илиолусто, до 1927 Μελάφτσα, Мелафца)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 17 километри северозападно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 42 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Маловци се состоело од 8 семејства со 34 жители Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Маловци имало 50 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 104 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и Бугарија[7].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 20 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било прекрстено во Илиолусто.[8]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 252 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 406 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 405 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 464 жители, во 1971 година имало 391 жител, во 1981 година имало 394 жители, додека во 1991 година имало 353 жители[10]. Денеска, населението на селото е 460 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 406 | 405 | 464 | 391 | 394 | 353 | 460 | / |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Маловци
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 98.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
- ↑ Folketeljing 2011, revidert
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 37.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 772.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 403.
|