Дурасанли

Координати: 40°56′N 22°47′E / 40.933° СГШ; 22.783° ИГД / 40.933; 22.783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дурасанли
Μεσιανό
Дурасанли is located in Грција
Дурасанли
Дурасанли
Местоположба во областа
Дурасанли во рамките на Кукуш (општина)
Дурасанли
Местоположба на Дурасанли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°56′N 22°47′E / 40.933° СГШ; 22.783° ИГД / 40.933; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000146000000146 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно195
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Дурасанли (грчки: Μεσιανό, Месијано, до 1927 Δουρασανλή, Дурасанли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 146 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Дурасанли имало 170 жители муслимани и 30 Роми[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1926 година, селото било преименувано во Парохтио.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 193 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 380 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 266 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 284 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 225 жители, додека во 1991 година имало 194 жители[7]. Денеска, населението на селото е 195 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 380 266 284 203 225 194 195
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μεσιανό
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 81.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-06.