Буламачли

Координати: 41°15.06′N 22°48.41′E / 41.25100° СГШ; 22.80683° ИГД / 41.25100; 22.80683
Од Википедија — слободната енциклопедија
Буламачли
Ακακίες
Буламачли is located in Грција
Буламачли
Буламачли
Местоположба во областа
Буламачли во рамките на Кукуш (општина)
Буламачли
Местоположба на Буламачли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.06′N 22°48.41′E / 41.25100° СГШ; 22.80683° ИГД / 41.25100; 22.80683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Надм. вис.&10000000000000170000000170 м
Население
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Буламачли или Буламатли (грчки: Ακακίες, Акакиес, до 1926 г. Μπουλαμπασλή, Булабасли или Μπουλαμπαλή, Булабали[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1924 г. било населени исклучиво со Македонци.[2] Денес е составен дел од Аканџали.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е југоисточно маало на Аканџали, сместено јужно од железничката линија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Буламачли било македонско село од мешана вероисповед во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баламачли (Balamatchli) било село со 23 домаќинства сочинети од 47 Македонци-муслимани и 28 Македонци-христијани.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Буламачли имало 110 жители Македонци и 30 Роми.[3][5]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Жителите го напуштиле Буламачли за време на Првата светска војна поради близината на фронтот.[2] По војната испразнетото село било населено од мал број Грци од странство, така што во 1920 г. во него се заведени 15 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Акакиес. Во 1928 г. се доведени уште Грци од странство, со што бројот на жители нараснал на 113.[2]

Буламачли настрадало во Граѓанска војна (1946-49), но потоа веднаш било обновено.

Во 1990-тите селото е припоено кон с. Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г.

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население -[1] 100 132 91 59 60 - -
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Буламачли важело за прилично сиромашно село. Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото, тутунот и детелината. Делумно било застапено и сточарството.[2]

Белешки[уреди | уреди извор]

1.^ На пописот од 1940 г. населението на Буламачли било вбројано во населениеото на Карали.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Кукушка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 76-77.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 192–193. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.