Чугунци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чугунци
Μεγάλη Στέρνα
Чугунци is located in Грција
Чугунци
Чугунци
Местоположба во областа
Чугунци во рамките на Кукуш (општина)
Чугунци
Местоположба на Чугунци во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°5′N 22°43′E / 41.083° СГШ; 22.717° ИГД / 41.083; 22.717Координати: 41°5′N 22°43′E / 41.083° СГШ; 22.717° ИГД / 41.083; 22.717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000008400000084 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно518
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чугунци (грчки: Μεγάλη Στέρνα, Мегали Стерна, до 1927 Τσιγούντσα, Цигунца)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 84 метри.

Чугунци опфаќа површина од 46 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чугунци се состоело од 70 семејства и 368 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чугунци имало 250 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села како и во Бугарија[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 60 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Мегали Стерна.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 445 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 684 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 389 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 549 жители, во 1971 година имало 454 жители, во 1981 година имало 429 жители, додека во 1991 година имало 491 жител[10]. Денеска, населението на селото е 518 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 684 389 549 454 429 491 518
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Чугунци
  • Младен Танев (1890 - 1967)[12]
  • Туше Христов (1877 - ?)[13]
  • Христо Џеков (? - 1903)[14]
Починати во Чугунци

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μεγάλη Στέρνα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 126.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-10.
  11. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 20 октомври 2014.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 690.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 781.
  14. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.78