Горно Горбасово

Координати: 41°15.55′N 22°50.37′E / 41.25917° СГШ; 22.83950° ИГД / 41.25917; 22.83950
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Горбасово
Άνω Σούρμενα
Горно Горбасово is located in Грција
Горно Горбасово
Горно Горбасово
Местоположба во областа
Г. Горбасово во рамките на Кукуш (општина)
Г. Горбасово
Местоположба на Горно Горбасово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.55′N 22°50.37′E / 41.25917° СГШ; 22.83950° ИГД / 41.25917; 22.83950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Надм. вис.&10000000000000208000000208 м
Население
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горно Горбасово или Горно Гарбали (грчки: Άνω Σούρμενα, Ано Сурмена, до 1926 г. Άνω Γκριμπάς, Ано Грибас[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1924 г. било населени исклучиво со Македонци-муслимани.[2] Денес е составен дел од с. Станица Аканџали.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото првично се наоѓало високо на јужните падини на Беласица, а подоцна е симнато долу како источно маало на Станица Аканџали, сместено северно од железничката линија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Горно Горбасово било муслиманско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Горно Гарбасово (Garbassovo-gorno) е наведено како село во Дојранска каза со 120 домаќинства сочинети од 327 Македонци-муслимани.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Горбасово имало 550 жители Македонци-муслимани и 10 Роми.[3][5]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Населението почнало да се иселува уште во текот на Првата светска војна поради близината на фронтот.[2] По војната, во 1920 г. се попишани само 195 жители.[2] Во 1924 г по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско било иселено во Турција, на негово место се доведени грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Сурмена. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 83 семејства од 296 жители грчки дојденци од Понд и Источна Тракија.[6]

Во 1990-тите селото е припоено кон с. Станица Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г.

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 354 354 329 239 222 254 - -
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото и добиточната храна. Сточарството било ослабо развиено.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Кукушка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 81.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 190–191. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012