Рајаново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајаново
Βάθη
Рајаново is located in Грција
Рајаново
Рајаново
Координати: 41°8′N 22°58′E / 41.133° СГШ; 22.967° ИГД / 41.133; 22.967Координати: 41°8′N 22°58′E / 41.133° СГШ; 22.967° ИГД / 41.133; 22.967
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000407000000407 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно433
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Рајаново (грчки: Вати, Милохори, до 1927 Ραγιάν, Рајан)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 407 метри.

Рајаново опфаќа површина од 39 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Рајаново се состоело од 100 семејства, од кои 65 муслимани, 56 Роми и 326 Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Рајаново имало 910 жители, од кои 380 Турци, 350 Роми и 180 Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 Македонци[3][6].

Во текот на Втората Балканска војна, селото пострадало од страна на грчките војски а самото население било принудено да побегне од своите домови[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 725 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 259 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна. Дел од населението заминало кон Бугарија.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското, ромското и преостанатото македонско население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Вати.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бежанско со 314 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 1026 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1463 жители, во 1971 година имало 578 жители, во 1981 година имало 590 жители, додека во 1991 година имало 532 жители[10]. Денеска, населението на селото е 433 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1026 676 1463 578 590 532 433 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Βάθη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 108. 
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  10. Folketeljing 2011, revidert