Колибалар
Колибалар Πλαγιοχώρι | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°2′N 22°59′E / 41.033° СГШ; 22.983° ИГДКоординати: 41°2′N 22°59′E / 41.033° СГШ; 22.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 368 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 46 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (DST) | EEST (UTC+3) |
Колибалар (грчки: Πλαγιοχώρι, Плагиохори, до 1927 Κολυμπαλάρ, Колибалар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на падините на планината Градешко Тепе. Селото се наоѓа на надморска височина од 368 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Оваа мала колибарска населба во минатото била населена со турско муслиманско население.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1927 година, селото било прекрстено во Химадио.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 62 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 161 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 127 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 210 жители, во 1971 година имало 101 жител, во 1981 година имало 13 жители, додека во 1991 година имало 11 жители[6]. Денеска, населението на селото е 46 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 161 | 127 | 210 | 101 | 13 | 1 | 46 | / |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Πλαγιοχώρι
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 91-92.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
- ↑ Folketeljing 2011, revidert
|