Прејди на содржината

Караџали (Дојранско)

Координати: 41°13′51″N 22°50′06″E / 41.2308° СГШ; 22.8350° ИГД / 41.2308; 22.8350
Од Википедија — слободната енциклопедија
Караџали
Καλλιρρόη
Караџали is located in Грција
Караџали
Караџали
Координати: 41°13′51″N 22°50′06″E / 41.2308° СГШ; 22.8350° ИГД / 41.2308; 22.8350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
Население
 • Вкупно55
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Караџали (грчки: Καλλιρρόη, Калирои, до 1927 Καρατζαλή, Караџали)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во северните разгранки на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска висина од 220 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Караџали е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караџали се состоело од 25 куќи со 21 жител-муслиман и 37 Турци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџали имало 85 Турци.[4]

По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. По Првата светска војна, селото не се споменува, бидејќи било распаднато и напуштено. Во 1927 години селото било прекрстрно во Калирои.[5]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 18 семејства и 69 жители-бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 127 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 83 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 85 жители, во 1981 година имало 65 жители, додека во 1991 година имало 55 жители. Денеска, населението на селото е 40 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 127 83 88 85 65 47 55 40
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρατζαλή - Καλλιρρόη
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.