Елезли
Елезли Καλολίβαδο | |
---|---|
Координати: 40°50′N 22°46′E / 40.833° СГШ; 22.767° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 290 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 15 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Елезли или Елезлија (грчки: Καλολίβαδο, Калоливадо, до 1926 Ελεσλή, Елезли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 13 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро меѓу селата Грамадна (Евкарпия) и Кара Ахматли. Селото се наоѓа на надморска височина од 290 метри.
Елезли опфаќа површина од 16 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 10 семејства и 26 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 50 жители муслимани[5].
Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 34 жители, додека во 1920 година 56 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека од селото се иселиле муслиманските жители[3].. Во 1926 година, селото било преименувано во Елезли.[6]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 33 жители бегалци.[7], додека во 1940 година и 1951 година селото немало жители, за да на пописот од 1961 година во селото бидат евидентирани 45 жители, во 1971 година имало 28 жители, во 1981 година имало 28 жители, додека во 1991 година имало 31 жител[8]. Денеска, населението на селото е 15 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 45 | 28 | 28 | 31 | 15 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Καλολίβαδο
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-01.
|