Врлан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Врлан
Αναβρυτό
Врлан is located in Грција
Врлан
Врлан
Координати: 41°3′N 23°3′E / 41.050° СГШ; 23.050° ИГД / 41.050; 23.050Координати: 41°3′N 23°3′E / 41.050° СГШ; 23.050° ИГД / 41.050; 23.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000493000000493 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно145
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Врлан или Вирлан (грчки: Αναβρυτό, Анаврито, до 1927 Βυρλάν, Вирлан)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 18 километри источно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 493 метри.

Арбур опфаќа површина од 34 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Врлан се состоело од 60 семејства и 172 жители Турци[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 600 жители Турци[5].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 365 жители муслимани. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека муслиманското население било принудено да ги напуштат своите домови. Во 1927 година, селото било прекрстено во Анаврито.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 319 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 568 жители.

По крајот на Грчката граѓанска војна, голем дел од населението го напуштило селото. Селото во пописот од 1951 година броело 193 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 374 жители, во 1971 година имало 209 жители, во 1981 година имало 149 жители, додека во 1991 година имало 194 жители[8]. Денеска, населението на селото е 145 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 568 193 374 209 149 194 / 145
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]