Морарци
Морарци Αντιγόνεια | |
---|---|
Координати: 41°8′N 22°53′E / 41.133° СГШ; 22.883° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 342 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 122 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Морарци или Моравци, Моравца, Морафча (грчки: Αντιγόνεια, Антигонија, до 1927 Μοράφτσα, Морафца)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 11 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 342 метри.
Морарци опфаќа површина од 28 квадратни километри[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Морарци се состоело од 140 семејства и 640 жители Македонци[4][5]
Во учебната 1881-1882 и 1882-1883 година, во селото бил испратен егзархиски учител[6]. Во 1901 година, учителот Никола Дупков од Кукуш бил заточен по Солунската афера во Бодрум кале[7].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Морарци имало 1200 жители Македонци[4][8].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1600 Македонци и работело егзархиско училиште[4][9]. Во селото во тоа време како учител работел Димитар Поп Стаматов[10].
Во Морарци било развиено и унијатското движење, а како свештеници биле Иван Стојанов (1875 - 1910), Алекси Анагношев (1906 - 1919), Мико Наков (1904 - 1919), Атанас Иванов (1918 - 1921), Христо Иванов (1912 - 1916).
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[11], додека самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 326 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 385 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во истиот период биле иселени скоро сите македонски жители на селото. Во Бугарија според Тодор Симовски во тој период заминале 312 семејства. Во 1926 година, селото било преименувано во Антигонија.[12]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото било чисто бегалско со 366 жители бегалци.[13], додека во 1940 година селото броело 507 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Поради тоа селото во пописот од 1951 година броело 340 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 363 жители, во 1971 година имало 238 жители, во 1981 година имало 120 жители, додека во 1991 година имало 122 жители[14]. Денеска, населението на селото е 122 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 507 | 340 | 363 | 238 | 120 | 122 | 122 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Султана Делчева, мајка на националниот херој Гоце Делчев.
- Георги Попхристов (1889 - 1959)
- Мито Морарцалиев[15]
- Трајко Мечев
- Гоце Ангелов[16]
- Гоце Алишанов[17]
- Димитар Алишанов[18]
- Иван Ташев (1876 - 1924)
- Илија Бакалов[19]
- Мито Андонов[20]
- Мито К. Ангов[21]
- Туше Ан. Бабалов[22]
- Христо Андонов[23]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Αντιγόνεια
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 100.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.
- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 69, ISBN 9549514560
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, с. 138
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-03.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 111.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 26.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 15, 20.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 20.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 76.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 38.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 35.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 75.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.
|