Прејди на содржината

Димитар Поп Стаматов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Поп Стаматов
Роден 1880
Бугариево, Егејска Македонија
Починал 28 јули 1904
Митрашинци, Беровско, Македонија
Димитар Поп Стаматов

Димитар Поп Стаматов — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Димитар Поп Стаматов е роден во 1880 година во селото Бугариево, Солунско, тогаш во Османлиското Царство, денес Неа Месимврија, Грција. Син е на егзархискиот свештеник и македонски револуционер Стамат Танчев и внук на Божин Танчев. Завршува V клаа во Солунската машка гимназија и станува учител во селото Конско, Гевгелиско, а подоцна во Морарци (денес Антигона), Кукушко.

За време на Солунската афера од 1901 година е уапсен од страна на турските власти. Во 1903 година е четник при Крсто Асенов, подоцна кон крајот на година предводи чета во Струмичко, а следната 1904 година - во Малешево.

Во 1904 година е опкружен од турска потера во селото Митрашинци и загинува во борба [1][2]. Христо Силјанов за него пишува:

... Димитар поп Стаматов ги импонираше сите во гимназијата со страшната своја физичка сила, а потоа стана познат како бестрашен терорист и четник, но загина премногу рано... [3]
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, С. 2001, с. 138
  2. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  3. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том 1, издание на Илинденската организация, София, 1933, стр.41