Бугариево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бугариево
Νέα Μεσημβρία
Ветерница во Бугариево
Ветерница во Бугариево
Бугариево is located in Грција
Бугариево
Бугариево
Местоположба во областа
Бугариево is located in Илиџиево (општина)
Бугариево
Местоположба на Бугариево во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.6′N 22°46.9′E / 40.7600° СГШ; 22.7817° ИГД / 40.7600; 22.7817Координати: 40°45.6′N 22°46.9′E / 40.7600° СГШ; 22.7817° ИГД / 40.7600; 22.7817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКаваклиево
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.050
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 11
Повик. бр.2310

Бугариево (грчки: Νέα Μεσημβρία, Неја Месимврија; до 1926 г. Μπουγαρίοβο/ν, Μπουλγκαρίεβο, Бугариово/н, Булгариево;[2] до 1953 г. Καραβίας, Каравијас[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.050 жители (2011). Сè до Балканските војни, ова било чисто македонско село.[4]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле на 20 км северозападно от Солун, 34 км јужно од Кукуш[4] и 5 км северно од Каваклиево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Булгариево (Bulgarievo) е посочено како село со 43 домаќинства од 178 жители Македонци.[5][6]

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Бугариово живееле 590 Македонци христијани.[5][7] Сите жители потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. имало 720 жители, сите Македонци под егзархијата.[5] Во селото работело бугарско училиште[8] чија учителка била Олга Михајлова од Солун.[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 731 жител.[4] За време на Првата светска војна Мештаните биле подложени на репресии од страна на грчките власти, поради што голем дел од нив биле приморани да се преселат во Бугарија,[4] првично во Западна Тракија.[10] Во 1915 г. во селото се населени 80-90 грчки семејства на Тракија, а во 1920 г. доведени се и Грци од Понд и Кавказ.[11]

Летото 1925 г. со италијанскиот брод „Габриела“ дошле 340 семејства од Несебар, од кои во март 1926 г. 288 семејства се населиле во Бугариево, односно во тогаш новата населба Неја Месимвирија (Нов Несебар).[12] Истата 1926 г. селото е преименувано во Каравија, во чест на андартскиот капетан Јоанис Каравитис. Во 1928 г. Бугариево е заведено како мешано македонско-грчко село со 527 жители, кои во 1940 г. се намалиле на 399 лица. Напоредно на самото Бугариево (тогаш Каравија), новата населба Неја Месимврија, со која се споило по Втората светска војна, истата 1928 г. имало 935 жители, кои во 1940 г. нараснале на 1.049.[13] Броејќи ги заедно 1928 г. местото имало вкупно 1.293 дојденци од 356 семејства.[14]

Со крајот на Грчката граѓанска војна, старото Бугариево (Каравија) веќе било отпишано бидејќи се споило со новата населба, која во 1951 г. броела 1.154 жители. Од 1953 г. сета целина официјално го добила името Неја Месивирија[15] иако на македонски е задржано традиционалното име. Во 1961 г. населението изнесувало 1.611 жители, а во 1971 г. имало 1.602 лица.[13] Во текот на следните десетлетија селото бележи раст, така што во 1981 се заведени 1.787, а во 1991 г. — 2.320 жители.[13] На пописот од 2001 г. се заведени 2.343 лица, кои во 2011 г. се зголемиле на 3.050.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Црква „Св. Атанас“[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Црва „Св. Атанас“ - Бугариево.

Главн знаменитост на Бугариево е дрквата „Св. Атанас“ изградена на местото на стар манастир основан од калуѓерката Пелагија в XVII век кој горел на три наврати. Во сегашниот облик црквата е изградена во 1858 г. како трикорабна поствизантиска базилика. Македонското население на 2 мај во црквата ја одбележувало селската слава. Живописана е од познатиот мајстор Константин Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Прогласена е за заштитен споменик на културата.[16]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1448 (1.049+399) 1.154 1.611 1.602 1.787 2.320 2.343 3.050
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Податокот за 1940 г. одделно ги брои старото и новото село.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се произведува памук, жито и бостан,[13] а познато е и по виното и ципурата.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени в Бугариево
  • Александар Димитров - Сашо (1909–1944) — комунистички политичар во Бугарија
  • Атанас Ч. Иванов (1886–?) — борец во Балканските војни</ref>
  • Божин Тончев (1879–?) — учител и револуционер, борец во Балканските војни
  • Борис Стојков Атанасов – Мирчо (1909–1944) — партизан во Бугарија[17]
  • Васил Георгиев (1888–?) — одликуван борец во Балканските војни[18]
  • Ѓорѓи Христов Чуперков (1882–?) — борец во Балканските војни, а потоа наставник во Видинско, Бугарија[19] а потоа учител во [20]
  • Димитар Поп Стаматов (1880–1904) — просветен и револуционерен деец, војвода на МРО, син на Стамат Тончев
  • Димитар Трајков Пишмишев – Бако, наречен и Пижо (1907-?) — комунистички деец во Бугарија[21]
  • Илија Бугариски — деец на МРО[22]
  • Михаил Поп Стаматов — офицер и револуционер, деец на МРО во Солунско, син на попот Стамат Тончев
  • Петра Поп Стаматова — просветен и револуционерен деец, член на МРО, ќерка на попот Стамат Танчев
  • Петар Димитров (1888–?) — борец во Балканските војни [23]
  • Солунка Илчева (1911–1984) — комунистички деец во Бугарија
  • Стамат Тончев (1857–1904) — свештеник, борец за духовна самобитност, деец на МРО

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπουγιάροβο -- Καραβία
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραβία -- Νέα Μεσημβρία
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 312.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.
  9. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 333
  10. Буга̀ри гъркома̀ни. Разказано по говора на Ениджевардарско, село Ба̀ровица, от Димитър Христов, записал Л. М., Македонски преглед, г.I, кн. 3, 1925, с. 104.
  11. „Δήμος Αγίου Αθανασίου“. Архивирано од изворникот на 2010-05-11. Посетено на 2019-11-19.
  12. Macedonian Press Agency: News in Greek, 96-11-13
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 334.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  15. „Μεσήμβρια“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
  16. „Δήμος Αγίου Αθανασίου“. Архивирано од изворникот на 2010-05-11. Посетено на 2019-11-19.
  17. Списък на убити партизани
  18. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 149.
  19. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 801.
  20. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 98.
  21. Горов, Христо (1975). Хроника на едно лято. Партизански дневник. София: Партиздат. стр. 195.
  22. Бабев, Иван (2013). Помним делата ви. НСА Прес. стр. 228–229.
  23. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 225.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]