Крџалиево
| Крџалиево Άδενδρο | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°40.17′N 22°36.17′E / 40.66950°N 22.60283°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Солунски |
| Општина | Илиџиево |
| Општ. единица | Илиџиево |
| Надм. вис. | 3 м |
| Население (2011)[1] | |
| • Вкупно | 2.073 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |

Крџалиево, Крџалево, Крџалар или Крџилар (грчки: Άδενδρο, Адендро; до 1927 г. Κιρτζιλάρ, Кирѕалар[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. До 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Солунското Поле, на 35 км западно од Солун.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Крџалиево било турски чифлик во Солунската каза, произлезен од вакуфот на Евренос-бег. В чифлика се отглеждат јачмен, пченица, пченка, боб и наут, како и овци, крави, биволи и коњи. Селаните ловеле риба и птици во Долното Езеро и Вардар. Околината на селото била наполно гола со исклучок на дрвата околу железничката станица (отворена во 1892 г.) и грмушарникот Кури. Подрачјето страдало од маларија, и многу семејства се преселиле во Коњари и Кулакија на крајот од XIX век поради лошите услови во чифликот.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Крџалиево (Крџалар) брои 250 жители Македонци и 35 Роми.[5][6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крџалиево (Kirdjalevo) имало 320 жители Македонци, сите под егзархијата.[5][8] Според грчки извори селото било вратено под Цариградската патријаршија од андартските чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[9] На крајот од XIX век во селото се доселиле мал број Власи.[10]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кирѕилар (Κιρτζιλάρ) е „словенојазично“ село во Кулакиската епископија со 165 жители (90 машки и 75 женски). Во селото работела грчката пропаганда — имало грчко основно училиште и детска градинка со 30 ученици (20 машки и 10 женски) со 1 учител.[4][11]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканские војни Крџалево се состоело од 32 куќи на Македонци христијани и 3 куќи на Роми муслимани.[12]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 176 жители кои во 1920 г. нараснале на 241 лица.[3] Дел од населението се иселило и на негово място се доведени Грци од Мала Азија и Тракија. Во 1928 г. Крџалиево е претставено како мешано домородно-дојденско село со 143 дојденски семејства сочинети од 562 лица.[13] Според Тодор Симовски, таа година во селото се заведени 800 жители, од кои 143 Македонци.[3]
По исушувањето на Ениџевардарското Езеро и по завршетокот на Втората светска војна селото станало трговски центар благодарение на железницата.[10] Кон порастот на населението придонело и доселувањето на жителите од соседното село Мустачево.[3]
На 9 септември 2007 г. е отворена новата железничка станица, сместена северно од станбеното подрачје.[10]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 1.441 | 1.947 | 2.048 | 1.920 | 2.117 | 2.201 | 2.073 | 2.079 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- 1 2 3 4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 328. ISBN 9989-9819-6-5.
- 1 2 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 49. Text " langx" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во:
|year=(help) - 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών
- 1 2 3 „Άδενδρο“. Δήμος Χαλκηδόνας. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Text " langx" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар
|hide=(help) - ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
| ||||||||||||||||||||||