Евренос-бег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гази
Евренос
Бег
ПрекариGazi Baba
РоденКареси
Починал17 ноември 1417
Ениџе Вардар
ПочивалиштеЕниџе Вардар
Држава Османлиско Царство
Битки/војниКосовска битка (1389)
Битка кај Никопол (1396)

Гази Евренос-бег — османлиски војсководец, основач на познатата турска фамилија Евреносоглу.

Евренос е роден во провинцијата Баликешир во Кареси околу 1330 година а според османлиската традиција во 1288 година. Неговото вистинско име е Еврен а додавката ја добил од грчкото население во Анадолија и Тракија. До 1361 година служел на властите на Кареси, а откако а откако Орхан I го освоил бејликот, Евренос-бег започнал да работи под негова управа. Евренос бил еден од главните потикнувачи за навлегување на Османлиите на Балканот и служел на четири султани: Орхан I, Мурат I, Бајазит I и Мехмед I. Учествувал во Маричката битка во 1371 година и по големата победа ги зазел Сер, Дојран, Прилеп, Скопје и Призрен. Во 1396 година учествувал во Никополската битка.

Починал во околу 1400 година. Според османлиските легенди во 1417 година на 129 години, во Ениџе Вардар, денешна Јаница. Неговите наследници служеле на империјата до Балканските војни.

Легендата за Дојран[уреди | уреди извор]

Војската на Евренос бег по Маричката битка заминала на исток помеѓу планините Беласица и Круша. Бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со дебела снежна покривка. Изгледало како големо рамно поле. По наредба на Евренос бег војската поминала преку полето на запад и стигнала до градот Полин. Од жителите на тогашниот град турската војска била пречекана чудејки се од каде дошла. Евренос бег објаснил дека дошол од кај "полето", покажувајки кон езерото. Од населението било објаснето дека тоа не е "поле" туку езеро, замрзнато езеро и покриено со снег и изгледа како поле. Откако бегот разбрал дека среќно поминал преку езерото со својата војска и наоружувањето што го носел, наредил да се направи голема гозба. Се јадело и се пиело три дена и три ноќи. Кога бегот ќе ги прашал гостите дали се задоволни од гозбата тие му одговарале со "дојурмак" што значи најадување до наситка. Од тие зборови легендата вели дека произлегло името Дојран[1].

Наводи[уреди | уреди извор]