Коритен

Координати: 40°48.0′N 22°47.7′E / 40.8000° СГШ; 22.7950° ИГД / 40.8000; 22.7950
Од Википедија — слободната енциклопедија
Коритен
Ξηροχώρι
Коритен is located in Грција
Коритен
Коритен
Местоположба во областа
Коритен во рамките на Илиџиево (општина)
Коритен
Местоположба на Коритен во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.0′N 22°47.7′E / 40.8000° СГШ; 22.7950° ИГД / 40.8000; 22.7950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКаваклиево
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно567
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Коритен или Ѓордино (грчки: Ξηροχώρι, Ксирохори; до 1926 г. Γιόρδινο, Ѓордино[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 567 жители (2011).[3] Сè до крајот на Балканските војни селото било населено исклучиво со Македонци.[4]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Вардарија во Солунското Поле, 25 км северозападно од Солун и 5 км југозападно од Горчливото Езеро.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Коритен било чисто македонско село во Солунската каза. Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[5]. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Коритен (Ѓорџе) (Коритенъ (Гьордже)) живееле 370 Македонци христијани.[6][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Коритен (Koritin) имало 568 жители Македонци под егзархијата[6] и во селото работело бугарско училиште.[8] Во истата 1905 г. според училишниот инспектор на Солунската епархија Ефтим Спространов, учител во коритенското училиште бил Стојан Димитров од Градобор.[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото значително настрадало во Втората балканска војна и многу од жителите побегнале преку границата, со што таа 1913 г. населението се намалило на 379 жители.[4] Во 1914 г. дел од населението бил приморан да се исели во Бугарија, а на нивно место се населени доселени Грци и 4 ромски муслимански семејства.[4] Во 1920 г. во Коритен е попишан 141 жител. По 1922 г. тука се доселени ште 59 грчки семејства, од кои 50 од Мала Азија, 5 од Источна Тракија и 4 од Кавказ.[4] Така, во 1928 г. Коритен е претставен како мешано македонско-дојденско село со 479 жители, од кои 243 лица (63 семејства) биле дојденци.[10]

Во 1926 г. селото е преименувано во Ксирохори (со значење „суво село“).[11]

Во 1940 г. се заведени 570 жители, а во 1951 г. се зголемило на 716 лица. Во текот на следното десетлетие населението бележи голем пад поради постепеното префрлање на жителите во новоизградената населба Нов Коритен (Ново Ѓордино) оддалечена еден километар од селото.[12] Така, во 1961 г. Коритен спаднал на само 169 жители, додека Нов Коритен имал 504.[12] Во 1971 г. во Стар Коритен се попишани 143 лица, а новиот имал 439. Во следните години, Стар Коритен престанал да постои и не се води на пописот во 1981 г., во кој Нов Коритен е заведен со 620 жители кои во 1991 г. значајно се зголемиле на 827 лица.[12] Денешниот Коритен (Нов Коритен) во 2001 г. доживеал пад на населението на 647 жители, за да се смали на 567 лица на пописот во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 570 716 169 (504) 143 (439) — (620) — (827) 647 567
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Напомена: Напоредните бројки се дадени за годините на постоење на Стар и Нов Коритен. Пред нив бројките се однесуваат само на Стар Коритен, а по нив само на Нов Коритен.

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιόρδινον -- Ξηροχώρι
  3. „Ξηροχώρι“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 318.
  5. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.
  9. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 334.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. 12,0 12,1 12,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 335–336.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]