Дрмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дрмица
Δέρμιτσα
Дрмица is located in Грција
Дрмица
Дрмица
Местоположба во областа
Дрмица is located in Илиџиево (општина)
Дрмица
Местоположба на Дрмица во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°44.51′N 22°39.30′E / 40.74183° СГШ; 22.65500° ИГД / 40.74183; 22.65500Координати: 40°44.51′N 22°39.30′E / 40.74183° СГШ; 22.65500° ИГД / 40.74183; 22.65500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаИлиџиево
Надм. вис.&1000000000000001200000012 м
Население
 • Вкупноиселено (1.927)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Дрмица (наречено и Дрмишта или Дурмушли грчки: Δέρμιτσα / Δουρμουσλή) — историско село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото запустување во 1927 г. било населено исклучиво со Македонци.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова било чифлигарско кое се наоѓало во Солунското Поле, на левиот на Вардар. Лежело северозападно од Топчиево и јужно од Доганџиево на 30 км северозападно од Солун и 7 км северозападно од Каваклиево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“) го опишал Дрмишта како македонско село.[2][3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Дирмица (Dirmitza) се води како село со 25 домаќинства и 110 жители Македонци.[4][5]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дрмица живееле 248 Македонци христијани.[4][6] На почетокот на векот во селото се наметнала бугарската пропаганда на образовен и духовен план. По податоци на секретарот на Бугарската егзаргија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Дрмица (Darmitza) имало 256 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија, а во селото работело и бугарско училиште.[4][7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Селото значително настрадало во текот на Втората балканска војна, поради што во 1913 г. не е ни спомнато како населба.[1] Наскоро потоа жителите почнале да се враќаат, така што во 1918 г. Дрмица броела 100 жители, за во 1920 г. да се намалат на само 20 жители. Во 1927 г. селото целосно се распуштило, бидејќи таа година е избришано од евиденција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 317.
  2. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  3. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.

Поврзано[уреди | уреди извор]