Аиево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аиево
Ακροπόταμος
Аиево is located in Грција
Аиево
Аиево
Местоположба во областа
Ехлово is located in Илиџиево (општина)
Ехлово
Местоположба на Ехлово во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.25′N 22°39.15′E / 40.83750° СГШ; 22.65250° ИГД / 40.83750; 22.65250Координати: 40°50.25′N 22°39.15′E / 40.83750° СГШ; 22.65250° ИГД / 40.83750; 22.65250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКуфалово
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно596
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 11

Аиево или Ајово, познато и како Ехлово или Јахали (грчки: Ακροπόταμος, Акропотамос; до 1927 г. Γιαχαλή, Јахали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 596 жители (2011).[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар. Лежи 40 км северозападно од Солун и 14 км североисточно од градот Куфалово.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Аиево било македонско село во Солунската каза. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. погрешно го води Ехлово живееле 112 Турци и 48 Роми.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Аиево имало 32 жители Македонци.[5] Во својот патопписен попис, Боривое Милоевиќ завел 15 македонски и 5 турски куќи.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Втората балканска војна целото село пребегало преку граница за да се спаси од свирепоста на грчката војска. При неговото припојување кон Грција согласно Букурешкиот договор истата година тоа се води како напуштено.[6] Малку подоцна во него се доведени грчки доселеници кои во 1920 г. броеле 50 лица. По 1922 г. се доселени уште грчки колонисти, за во 1928 г. да нарасне на 438 жители.[6] Во 1927 г. селото е преименувано во на Акропотамија, што а алтернативно на денешното Акропотамос. Според друг грчки податок, во 1928 г. селото имало 377 жители од 97 семејства.[7]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 657 668 724 652 650 635 698 596
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за мошне богато поради неговата положба во поле. Се произведуваат памук, жито и други култури, а развиено и е краварството.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαχαλή -- Ακροποταμιά
  3. „Ακροπόταμος“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 308.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.