Илиџиево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илиџиево
Χαλκηδόνα
Колиба во Илиџиево за време на Првата светска војна
Колиба во Илиџиево за време на Првата светска војна
Илиџиево is located in Грција
Илиџиево
Илиџиево
Координати: 40°43.76′N 22°35.88′E / 40.72933° СГШ; 22.59800° ИГД / 40.72933; 22.59800Координати: 40°43.76′N 22°35.88′E / 40.72933° СГШ; 22.59800° ИГД / 40.72933; 22.59800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаИлиџиево
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Заедница
 • Население3094
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 07
Повик. бр.23910-2

Илиџиево или Јајлаџиево, Јајлаџик (грчки: Χαλκηδόνα, Халкидона; до 1926 г. Γιαλιατζίκ, Јалјаѕик или Γιαλατζίκ, Јлаѕик[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.094 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Солунското Поле, 31 км од Солун и 19 км од Пазар (Ениџе Вардар). Лежи на надморска височина од 20 м.[3]

Илиџиево е важна сообраќајна раскрсница од кадешто се дели главниот пат кој води од Солун кон југозападна Егејска Македонија. Од овде водат три краци: еден за Катерина, друг за Бер и Кожани и трет за правецот Пазар-Воден-Лерин.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во своите патописи на почетокот на 1870-тите, Милош Милоевиќ го завел Илиџиево како чисто македонско[4] село со 30 куќи.[3] Според Тодор Симовски, во селото живееле претежно Македонци и помал број Турци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. местото броело 497 жители, но погрешно го наведува населението како турско.[3][5] Според Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Илинџиево (Ilindjievo) имало 320 жители, сите Македонци.[7][8]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава. Истата година селото имало 253 жители, а во 1920 г. се намалило на 188 жители, сите Македонци.[3] Во 1926 г. Илиџиево е преименувано во Халкидона. Во 1920-тите грчките власти почнале да доселуваат Грци од други земји,а па така во 1928 г. имало 1.191 жители, од кои дури 922 (247 семејства) биле доселеници.[9] Според евиденцијата од 1928 г. доселениците го имале следново потекло:

Поради добрата положба и плодната почва добиена со пресушувањето на Пазарското Езеро, Илиџиево во 1940 г. пораснало на 1.867 жители, а по Граѓанската војна почнало да наликува на гратче, поради што продолжил растот на населението.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1876 2415 3293 2930 3036 3144 3749 3094
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Илиџиево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Илиџиево, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Илиџиево, каде е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето во атарот на Илиџиево важи за многу плодно. Се одгледуваат големи количества на овошје, памук, житарки и други земјоделски производи.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαλιατζίκ -- Χαλκηδών
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 321. 
  4. нарекувајќи го „српско
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.141.
  6. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.218-219.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928