Прејди на содржината

Црва „Св. Атанас“ - Бугариево

Координати: 40°45′20″N 22°45′45″E / 40.75556° СГШ; 22.76250° ИГД / 40.75556; 22.76250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанас
Άγιος Αθανάσιος
Карта
40°45′20″N 22°45′45″E / 40.75556° СГШ; 22.76250° ИГД / 40.75556; 22.76250
МестоБугариево, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXVII век / 1858
Управа
Архијерејско намесништвоКаваклиско
ЕпархијаПолјанско-кукушка

Свети Атанас (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — црква во селото Бугариево, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е главна знаменитост на селото. Според месните преданија, изградена е на местото на манастир основан од монахињата Пелагија во XVII век кој горел на три наврати. Во денешниот облик црквата е изградена во 1858 г. и претставува трикорабна поствизантиска базилика со убава женска црква, дрвен парапет, насликан иконостас и фрески од XVIII век. Во минатото, на селската слава (2 мај) се е правел курбан. Иконите во црквата се дело на Константин Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Црквата работела од 1860 г. до 1967 г., кога била затворена околу шест месеци поради пукнатини на ѕидовите. Тогаш нејзината парохија се споила со соседната парохија „Свети Пантелејмон“. Во 1977 г. е изградена нова црква, осветена на 2 октомври 1977 г. од Дионисиј Неаполско-ставруполски. Новата црква е трикорабна базилика, живописана во 1986 г. Следната година се додадени надворешна колонада и трем.[1]

Храмот е прогласен за историски споменик на 10 јули 1985 г.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου Νέας Μαγνησίας της Ιεράς Μητροπόλεως Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως“. Άγιοι και Εκκλησία. 1 мај 2012. Посетено на 11 јуни 2014.
  2. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Φ34/35706/715/17-6-1985 - ΦΕΚ 425/Β/10-7-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-12. Посетено на 18 октомври 2014.