Иван Манолев
Изглед
| Иван Манолев | ||
| Роден | 6 декември 1871
Кукуш, Солунски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 9 јануари 1930 (возр. 58) Софија, Царство Бугарија | |
Иван Манолев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Манолев е роден во градот Кукуш, тогаш во Османлиското Царство. Во 1891 година, тој ја завршил Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, по што учел во Вишото училиште во Софија, каде што во 1896 година завршува словенска филологија. Од 1898 до 1899 година е учител во Гевгелија. Влегува во ВМОРО и станува член на околискиот револуционерен комитет во градот. Во 1901 година го придружува на Гоце Делчев при неговата обиколка низ Костурско [1].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 98.